Достапни линкови

САД со нови 80 милиони долари за базата во Романија


Девеселу

Девеселу

САД издвоија 80 милиони долари од буџетот за оваа година за нивната воена база во романското село Девеселу, каде што се гради системот за противракетна одбрана, јавија романските медиуми повикувајќи се на податоци на Пентагон. Оваа сума се додава кон 20 милиони долари, што веќе беа наменети за базата во текот на претходната фискална година. Пентагон побара 85 милиони долари за оваа база, но Конгресот одобри само 80 милиони. Церемонијата за започнување на изградбата на противракетниот штит во Девеселу се оддржа во минатиот октомври.
XS
SM
MD
LG