Достапни линкови

logo-print

Кацин: Србија треба да стане дел од решението


Јелко Кацин

Јелко Кацин

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска во Белград изјави дека е време Србија да биде „дел од решението“ и „мотор на приближување на регионот кон Европската унија“. Кацин посочи дека е од голема важност што сите политички партии во Србија се посветени на приближување кон ЕУ и се решени да ја „искористат историската шанса и да го надоместат изгубеното“. Остварени се големи чекори напред и ние сакаме да ја охрабриме Србија да продолжи по тој пат и парламентарците да дадат свој придонес за забрзување на тој процес, посочи Кацин.Тој имаше средби, меѓу другото, со српскиот премиер Ивица Дачиќ и со првиот потпретседател на Владата Алeксандар Вучиќ.
XS
SM
MD
LG