Достапни линкови

„Аитсаз Хасан спаси многу мајки од плачење“


„Мојата мајка плаче, но тој спаси многу мајки од плачење“. Оваа изјава на Муџтаба Хасан, ја опишува големината на чиниот на неговиот помал брат кој се жртвуваше во Пакистан спречувајки бомбаш самоубиец да влезе во училиште.

Полицијата во Пакистан порача момчето кое почина додека запираше акција на бомбаш самоубиец во неговото училиште, да биде постхумно награден со највисока цивилна почест.

Младиот Aитсаз Хасан спречил бомбаш да влезе во училиштето во провинцијата Кибер Паштунква и тој се разнесол на капијата. Хасан почина од повредите во болница Неговиот постар брат Муџтаба Хасан за Радио Машал денеска изјави.
„Ние сме горди на неговата жртва.

Тој замина за училиште по појадокот и таму пред капијата виде бомбаш. Брат ми прозборе со него и потоа фрли камен кон него. Но бомбашот се разнесе и двајцата загинаа. Тој го спаси целото училиште во кое има меѓу 400 и 500 деца. Нашата мајка плаче, но брат ми спаси многу мајки од плачење“
Брат ми прозборе со него и потоа фрли камен кон него. Но бомбашот се разнесе и двајцата загинаа.

Неговиот татко, исто така, изјавил дека е горд што синот спасил многу животи и што загинал за татковината.


Одговорноста за нападот врз училиштето ја превзела сунитската екстремистичка група Лашкар е Џангви.
Таа врши напади врз доминантно шиитските муслимански населби.




Во моментот кога се случил нападот, кој за среќа бил, спречен од момчето Хасан, во училиштето имало стотици деца. Aитсаз Хасан можел да реагира бидејки малку доцнел на училиште пред кое и се сретнал со бомбашот самоубиец.
XS
SM
MD
LG