Достапни линкови

САД загрижени за корупцискиот скандал во Турција


САД со загриженост ја следат се подлабоката политичка криза со која се соочува нивниот сојузник Турција, а за својата загриженост ги информирале турските лидери, изјави портпаролката на Стејт департментот Џенифер Псаки.

Таа нагласи дека САД ја поддржуваат желбата на турскиот народ за законски систем, кој ќе ги исполни највисоките стандарди на отвореност, навременост и транспарентност.

Во Турција минатиот месец изби корупциски скандал поврзана со владата, а оттогаш стотици полицајци добија откази или се преместени на други работни места.
XS
SM
MD
LG