Достапни линкови

Семејството на Кенет Беи го прифати извинувањето на Родман


Кенет Беи

Кенет Беи

Сестрата на американскиот мисионер Кенет Беи, кој се наоѓа во затвор во Северна Кореја изјави дека нејзиното семејство го прифаќа извинувањето на поранешната НБА ѕвезда Денис Родман. Во соопштението, сестрата на Беи, Тери Чанг наведува дека семејството и натаму е загрижено за здравствената состојба и слободата на нејзиниот брат.
Родман, кој се смета за пријател на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун сугерираше дека Беи е самиот виновен што завршил во затвор. Родман потоа се извини и изјави дека бил под дејство на алхохол.
XS
SM
MD
LG