Достапни линкови

Временска прогноза-сончево со мала облачност


Времето во Македонија, особено на планините, ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. По котлините и речните долини ќе има магла и ниска облачност. Попладне ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од четири до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде магливо и со ниска облачност. Попладне ќе дува слаб северозападен ветер кој ќе придонесе за зголемување на видливоста. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.
XS
SM
MD
LG