Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - музика пред политика и економија


Пред вестите од политиката и економијата, дневните весници пишуваа и за музичкото шоу Икс актор и успехот на македонскиот претставник Даниел Кајмакоски.

Навистина годи кога меѓу вестите за кавгите меѓу политичките противници, мрачното секојдневје со маглата, сиромаштијата, човек ќе прочита нешто убаво: „Не е Тоше, ама е Даниел“, „Даниел Кајмакоски ја крена на нозе естрадата на цела екс Југославија“, како што насловија Утрински и Вечер, на пример, по успехот на македонскиот претставник со виенска адреса на музичкото ТВ шоу, Икс фактор.
Врвот на СДСМ среде празник во Брисел - каде гори што на Божиќ Филе се сретна со Заев.

А вестите од политиката и економијата - тие па тие. Престојот на опозициските лидери, Заев и Шеќеринска во Брисел предизвика бран реакции на медиумската и на политичка сцена. Најостар во информирањето е Дневник, кој оди со наслов: „Врвот на СДСМ среде празник во Брисел - каде Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се сретнаа со Еврокомесарот Штефан Филе во Брисел.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се сретнаа со Еврокомесарот Штефан Филе во Брисел.

гори што на Божиќ Филе се сретна со Заев“. Утрински и Нова Македонија неутрални: „Филе и Заев разговарале за изборниот законик“, и „Лидерот на СДСМ Зоран Заев е на прва средба со еврокомесарот Филе, по изборот за претседател на СДСМ“. Утрински навлегува и во односите меѓу двата ривала: „Бриселската мисија не успеа, нема мир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“.
Македонците сè уште не можат да го достигнат стандардот од 1986 година, иако странците ја подобруваат крвната слика на извозот - лани, фабриките што работат во Бунарџик и во Штип остварија 25 отсто од вкупниот македонски извоз.

Сите весници ја пренесоа веста на Дојче Веле дека шефот на германската дипломатија, Штајнмаер патува за Атина и потврдата од негова страна дека една од темите во неговите разговори во Атина е и Македонија.

Утрински забележува дека „Стар политички багаж ѝ натежна на новата година - главната политичка дилема е дали напролет ќе се гласа само за претседател или и за нови пратеници“ и дека „Македонија ќе оди кон изолација или кон пресврт - ако новиот претседател значи избор на надворешнополитички континуитет, процесот кон ЕУ ќе јури назад“, смета весникот.

Утрински третира и повеќе економски теми: „Македонците сè уште не можат да го достигнат стандардот од 1986 година, иако „Странците ја подобруваат крвната слика на извозот - лани, фабриките што работат во Бунарџик и во Штип остварија 25 отсто од вкупниот македонски извоз“. Утрински информира дека кабинетот на Жерновски е на принуден одмор „откако Владата, минатата недела ѝ ја одзеде лиценцата за работа на агенцијата преку која Општина Центар имаше ангажирано десетици лица. Дали нè чекаат уште едни политички преговори? Вечер објавува интервју со црковниот поглавар Стефан, во кое тој вели дека „Спремни сме за преговори со СПЦ!“ И како за крај, Владата изненадува со куриозитетни одлуки: Слободен печат информира дека пензионерите ќе можат бесплатно да скијаат!?
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG