Достапни линкови

Сè повеќе Kинези патуваат во странство


Во минатата година во странство патувале 97 милиони Kинези, што е најмногу досега. Тоа, според кинеската национална Агенција за туризам е за 13 милиони патници повеќе од претходната година. Веќе две години Кина, со 100 милиони долари, е на првото место во светот според парите што нејзините државјани ги трошат во странство. Новинските агенции потсeтуваат дека токму затоа некои европски земји, меѓу нив Британија, Франција и Германија, најавија дека за Kинезите ќе ги олеснат процедурите за добивање виза.
XS
SM
MD
LG