Достапни линкови

Продолжуваат борбите во ирачката провинција Анбар


Во ирачката провинција Анбар продолжуваат борбите меѓу владините сили поддржани од локалните сојузници и милитанти поврзани со Ал Каеда. Безбедносните сили со тенкови се обидуваат да ги истераат од вооружените милитанти од делови на градовите Рамади и Фалуџа. Во меѓувреме, Хјуман Рајтс Воч ги обвини и двете страни за злосторства врз цивилното население. Американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор побарал од ирачкиот премиер Нури Ал Малики да покрене процес на политичко помирување меѓу шиитските и сунитските муслимани во тој регион.
XS
SM
MD
LG