Достапни линкови

Во експлозија на автомобил бомба во Сирија 18 загинати


Осумнаесет луѓе загинале во експлозија на автомобил бомба што денеска се случила во провинцијата Хама, во централниот дел на Сирија, соопшти Опсерваторијата за заштита на човековите права. Нападот се случил во близина на едно училиште во местото Ал Кафата што е под контрола на сириските власти. Досега одговорноста за сличните вакви напади ја преземаше Фронтот Ал Носра, џихадистичка организација поврзана со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG