Достапни линкови

Позитивни трендови, а голем дефицит


Поранешниот министер за финансии Џевден Хајредини вели дека не е јасно како биле утврдени позитивни трендови и за какви поволни трендови станува збор во поглед на евидентно слабата покриеност на увозот со извоз.

Покрај зголемениот извоз, трговскиот дефицит претставува опасност за македонската економија бидејки се уште повеќе увезуваме одошто извезуваме, велат економистите. Државниот завод за статистика објави дека обемот на трговската размена од јануари до ноември лани е зголемен за околу 300 милиони долари во споредба со 2012 година. Покрај овој податок, се уште е евидентно дека има зголемување на увозот од околу 9 милиони долари и на крај Македонија се уште повеќе увезува одошто извезува бидејки дефицитот е точно 2,11 милијарди долари.
Ние сме држава во која над 1,5 милијарди евра влегуваат приватни дознаки, што значи да не се тие приватни дознаки, овој дефицит би бил 3 милијарди евра, тоа е катастрофа за мала економија каква што е македонската.

Ваквата состојба е резултат на крајно лоши структурни проблеми во македонското стопанство вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

„Не се точни податоците за позитивни движења, за раст итн., затоа што сме држава во која над 1,5 милијарди евра влегуваат приватни дознаки, што значи да не се тие приватни дознаки, овој дефицит би бил 3 милијарди евра, тоа е катастрофа за мала економија каква што е македонската.“

Хајредини вели дека не е јасно како биле утврдени позитивни трендови и за какви поволни трендови станува збор во поглед на евидентно слабата покриеност на увозот со извоз.

„Тие не го коментираат сега тоа, затоа што сметаат дека тоа е многу лошо и имаме само најави, не
Да утврдиме што ќе произведуваме, што може да се замени со домашно производство, бидејќи на ваков начин, навистина, понатаму земјата би била во тешка состојба.
храбри министерот за финансии, дека во 2014 очекува позитивни движења. Што значи тоа што тој очекува? Кој е тој да очекува и што тоа значи за граѓаните? Дали е тоа некаква гаранција дека тоа нешто ќе се случи?“, прашува Хајредини.

Неповолните трендови во економијата до сега неретко се правдаа со криза во еврозоната и тешки состојби во регионот. Сепак српскиот завод за статистика во понеделникот објави дека во текот на минатата година нивниот трговски дефицит бил намален за 24 проценти.

Потребна е стратегија за поддршка на извозот, вели универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска

„Да утврдиме што ќе произведуваме, што може да се замени со домашно производство, бидејќи на ваков начин, навистина, понатаму земјата би била во тешка состојба. Ние сме увозно зависни, тоа е факт, ние увезуваме суровини коишто ги немаме, потоа ги преработуваме, ги извезуваме, но факт е дека мора да се направат напори за една стратегија и политика на подолг рок, на заштита на домашното производство и замена на увозните производи.“

Инаку, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија
XS
SM
MD
LG