Достапни линкови

logo-print

На југот на Русија откриени тела на шестмина застрелани


Руските сили за безбедност во регионот на градот Ставропол на југот на земјата биле ставени во состојба на готовност откако биле откриени шест тела со прострелни рани. Локалните власти прецизираат дека телата биле откриени денеска во четири автомобили. Засега не е познат мотивот за убиствата во регионот кој граничи со Северен Кавказ, каде што Русија се соочува со закани од исламистички милитанти дека ќе ја спречат Зимската олимпијада во идниот месец во Сочи.
XS
SM
MD
LG