Достапни линкови

logo-print

Во Приштина убиено момче во училишен двор


Приштина

Приштина

Непознат сторител вчера во двор на училиште во Приштина смртно застрелал 14 годишно момче, а неговиот другар бил тешко ранет. Убиеното момче пред два дена пристигнало од Шведска и во училиштето, во кое до лани бил и ученик, дошло за да се сретне со неговиот најдобар другар. Според косовските медиуми, најверојатно станува збор за крвна одмазда бидејќи таткото на убиеното момче лани извршил убиство во Маздит, по што семејството заминало за Шведска. Таквите информации ги демантираа од семејството на убиениот.
XS
SM
MD
LG