Достапни линкови

Стапи во сила механизмот за враќање на визите во ЕУ


Механизмот на Европската унија за можно итно враќање на визниот режим, на шест месеци за земјите на Западен Балкан денеска стапи во сила. Досега, како што информираат во Брисел, ниту една членка на Унијата нема посебно барање тоа и да се направи. Механизмот беше усвоен во минатиот месец поради зголемениот број лажни азиланти од Западен Балкан и други злоупотреби на безвизниот режим. Според извори во Брисел, Европската комисија постојано ја следи ситуацијата.
XS
SM
MD
LG