Достапни линкови

САД бараат од Грција да врати терорист во затвор


Џен Псаки

Џен Псаки

Соединетите држави ја повикаа грчката влада да го најде и да го врати во затвор Христодулос Ксирос член на терористичката крајно левичарска организација „17 Ноември“, одговорна за убиства на странски дипломати во Атина, вклучувајќи и петмина американци. Ксирос кој отслужува шест казни доживотен затвор исчезнал за време на Новогодишното отсуство. Тој заедно со неговите двајца браќа во 2003 година беше осуден за убиства на 23 луѓе во период од 1975 до 2000 година. Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека за случајот Вашингтон е во контакт со грчките власти.
XS
SM
MD
LG