Достапни линкови

Нова рунда разговори за иранската нуклеарна програма


Претставници од Иран и од шест светски сили денеска треба да започнат уште една рунда на разговорите за спроведувањето на договорот за иранската нуклеарна програма. Техничките разговори помеѓу експертите во Женева ќе се фокусираат на спроведувањето на договорот постигнат во ноември, според кој треба да се намалат делови од иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на некои меѓународни санкции. Во пресрет на разговорите министерот за надворешни работи на Иран,Џавад Зариф, кој е и шеф иранската преговарачка група, изрази оптимизам дека двете страни би можеле да ги решат сите прашања за спроведување на договорот. Сепак, Ројтерс цитира неименувани дипломати кои велат дека разговорите би можеле да се соочат со нови пречки.
XS
SM
MD
LG