Достапни линкови

logo-print

Уништувањето на сириското хемиско оружје е „невиден напор“


Уништувањето на сириското хемиско оружје е „невиден напор“, но работата е благородна и покрај околностите, изјави Зигрид Кег, специјалниот координатор на заедничката мисија на ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје. Таа вели дека и покрај логистичките предизвици, операција за отстранување и уништување на сириското хемиско оружје започна. Во вторникот, првата серија на хемиски материјали беше пренесена до пристаништето Латакија и натоварена на дански брод. Од Организацијата за забрана на хемиското оружје не откриваат колкав процент од токсичниот арсенал на Сирија е отстранет, но рекоа дека девет контејнери од најопасните хемиски материјали биле натоварени на данскиот товарен брод.
XS
SM
MD
LG