Достапни линкови

Светското во Катар во лето или во зима?


Светските фудбалски челници предизвикаа контроверзии околу периодот во кој ќе се игра светското првенство во Катар во 2022 година. Генералниот секретар на светската фудбалска федерација ФИФА, Џером Валке, вчера изјави дека Мундијалот во 2022 година во Катар нема да се игра во лето, туку во зима, најверојатно во ноември или во декември. Сепак, неколку часа подоцна, потпретседателот на ФИФА, Џим Бојс, рече дека само извршниот комитет на ФИФА може да одлучи кога ќе се одржи првенството. Одлуката на светската куќа на фудбалот, Мундијалот во 2022 година да се одигра во Катар предизвика контроверзии во фудбалската јавност поради екстремно топлото време во оваа земја во јуни и во јули кога традиционално се одржува најголемиот фудбалски настан во светот.
XS
SM
MD
LG