Достапни линкови

Бајден и Малики разговарале за Анбар


Се чини дека нема да има потреба за големи битки за враќање на контролата врз два града во провинцијата Анбар во западен Ирак, откако минатата недела беа нападнати од милитанти поврзани со Ал Каеда. Дописниците на Радио Слободна Европа од Ирак вчера јавија дека милитантите од организацијата „Исламска држава во Ирак и Левант“ го напуштаат градот Фалуџа и се упатуваат кон пустината. Повлекувањето на милитантите следува откако владините сили се распоредија околу Фалуџа подготвувајќи се за голем напад на градот. Десетици илјади цивили избегаа од Фалуџа во изминатите денови. Ирачкиот премиер Нури ал-Малики ги повика сунитските племиња да презема сопствена акција за протерување на милитантите. Владините сили целосно го контролираат и главниот град на провинцијата Анбар, Рамади, откако милитантите го напуштија градот. Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џо Бајден по втор пат неделава разговараше со ирачкиот премиер кому му изрази поддршка за напорите за враќање на контролата врз Фалуџа и Рамади.
XS
SM
MD
LG