Достапни линкови

logo-print

Времето магливо и облачно


Времето денеска ќе биде облачност и ќе има магла. Попладне ќе се зголеми видливоста, но и понатаму ќе има ниска облачност.
Утринската температура се движи од минус четири до пет, а дневната од пет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо со ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови ќе продолжи стабилно и релативно топло време, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Од недела ќе има зголемена облачност, а во недела попладне ќе има услови за појава на врнежи од дожд.
XS
SM
MD
LG