Достапни линкови

Перковиќ ќе биде ектрадиран во Германија?


Жупанискиот суд во Загреб денесека донесе неправосилна одлука за екстрадиција на некогашниот функционер на југословенската и хрватската Управа за државна безбедност (УДБА), Јосип Перковиќ во Германија.
Заменик портпаролот на Судот, Ивана Чалиќ, изјави дека Судскиот совет решил да го прифати германското барање за екстрадиција на Перковиќ и дека аргументите на одбраната не се прифатени.
Адвокатот на Перковиќ, Анте Нобило, најави дека до Врховниот суд на Хравтска ќе упати жалба на оваа одлука, веднаш откако ќе го добие писменото решение.
Судот заклучи дека поранешниот прв човек на тајната полиција треба да биде предаден на Германија, која го товари дека учествувал во убиството на хрватскиот политички емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година во Минхен.
XS
SM
MD
LG