Достапни линкови

logo-print

Нема барање за враќање на визите за Балканот


Ниту една членка на ЕУ досега не побарала укинување на визното олеснување за земјите од Западен Балкан, изјави Микеле Черконе, портпарол на еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром.

Механизмот, кој предвидува времено укинување на безвизниот режим за земјите од кои пристигнуваат лажни азиланти, стапува во сила од утре.

Черконе додаде дека некои земји, меѓу кои и Германија, неколку години изразуваат загриженост поради злоупотреба на правата за азил од страна на граѓаните на Србија, Македонија и БиХ, но формална процедура за повторно воведување на визи не е покрената.
XS
SM
MD
LG