Достапни линкови

ЕК загрижена за Турција


Европската комисија денеска изрази загриженост поради настаните во Турција, нагласувајќи дека истрагата за големиот корупциски скандал во кој се вмешани лица блиски до Владата, мора да биде транспарентна и објективна.

Коментирајќи ги настаните во Турција, портпаролот на Еврокомисијата, Оливер Бејли истакна дека последните чекори на турската држава претставуваат „причина за загриженост“.

Од 17 декември, па досега, под обвинение за корупција беа притворени десетици лица блиски до турската Влада, вклучувајќи и неколку бизнисмени и синови на тројца министри, кои набрзо поднесоа оставки.

Како реакција на ваквата полициска акција, под обвинение за злоупотреба на својата позиција, турската Влада ги смени шефовите на полициите во 16 провинции, а стотици полицајци добија откази или беа префрлени на други работни места.
XS
SM
MD
LG