Достапни линкови

Венизелос - евроинтеграцијата на Македонија е проблематична


Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, чија земја ќе претседава со ЕУ во првата половина од годинава, како проблематичен го оценува процесот на евроинтеграција на Македонија.

„Има случаи како ПЈРМ кои се проблематични бидејќи Владата на државата не помага со нејзиниот став за да се исполнат копенхашките критериуми - почитување на меѓународното право и добрососедските односи“,

изјави Венизелос во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, ден пред официјалното преземање на шестмесечното претседателство со ЕУ.
Тој посочува дека е оптимист за брзата интеграција на Србија со која на 21 јануари на меѓувладина конференција во Атина треба да започнат пристапните преговори. Тоа, според него, се однесува и на случајот со Црна Гора и Косово.

Во однос на Албанија, потенцира дека ја има грчката поддршка за веднаш да добие кандидатски статус.

Покрај Македонија, како проблематична држава е посочена и Босна и Херцеговина поради нејзините, се наведува, внатрешни и институционални проблеми. Венизелос воедно најавува и посета на земјите од Западен Балкан без јасно да посочи дали меѓу нив ќе биде и Македонија.
XS
SM
MD
LG