Достапни линкови

Унгарија со „миниколонизација“ на Трансилванија?


Унгарски дипломат призна дека властите во Будимпешта сакаат да ја искористат либерализацијата на пазарот на недвижности во Романија, со која од 1 јануари на странски физички и правни лица им се овозможува купување земјоделски имоти во земјата, наведува весникот „Романија либера“ во текст под наслов „Унгарците подготвуваат миниколонизација на Трансилванија“.
Весникот тврди дека аташето за земјоделство во Амбасадата на Унгарија во Букурешт, Андор Шабо, изјавил дека Унгарија има стратегија за купување на земјоделски имоти, шуми и земја со минерална вода во Трансилванија.
Шефот на Одделот за меѓународни односи и современа историја на универзитетот во Бабеш, Адријан Иван оценува дека доколку унгарската држава им нуди земја на граѓани на Унгарија купена во Трансилванија, може да се говори и за „политика за колонизација“, што според него е неприфатливо.
Според податоците од последниот попис на населението на Романија, како етнички Унгарци се декларирале 1.227.600 лица или 6,5 отсто од романското население.
XS
SM
MD
LG