Достапни линкови

Светското првенство во фудбал во Катар, ќе биде во зима


Жером Валке

Жером Валке

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке, изјави дека светското првенство во фудбал во 2022-ра година во Катар, нема да се игра во лето, поради високите температури. Во денешната изјава за Француското радио, тој додаде дека светскиот куп во Катар веројатно ќе се одржи меѓу 15-ти ноември 2022-ра и 15-те јануари 2023-та. Во октомври, ФИФА соопшти дека по светското првенство во Бразил годинава, ќе биде решено дали она во Катар ќе биде поместено за во зима.
XS
SM
MD
LG