Достапни линкови

logo-print

Невработеноста во евро-зоната и натаму рекордна


Невработеноста во земјите од евро-зоната останува на рекордно високо ниво. Според денеска објавените податоци на Еуростат, во 17-те земји во кои се користи еврото, невработеноста во ноември изнесувала 12,1 отсто, односно, 19,2 милиони луѓе биле без работа. Во 28-те земји членки на Европската унија, невработеноста изнесувала 11 отсто. Највисока стапка на невработеност има во Грција, 27,4 отсто, а по неа е Шпанија со 26,7 отсто. Најниска стапска на невработеност има во Австрија, 4,8 отсто и во германија, 5,2 отсто.
XS
SM
MD
LG