Достапни линкови

Шумахер скијал надвор од одбележената патека


Јавниот обвинител во Албервил, Патрик Кинси, изјави денеска дека Михаел Шумахер, при несреќата, скијал 6 метри надвор од одбележената патека, но оти е тешко да се процени со која брзина се движел. Истрагата напредува и доколку е потребно, ќе ја анализираме детално снимката од неговата камера, наместена на кацигата, изјави Кинси на прес конференција. Шумахер бил на скијашката црвена патека, но потоа излегол од неа и удрил во карпа, која бил на неколку метри надвор од патеката. Инаку, во истрагата било утврдено дека скијашката патека била подготвена според националните безбедносни стандарди.
XS
SM
MD
LG