Достапни линкови

logo-print

Судењето на Морси одложено за 1-ви февруари


Каиро, 08.01.2014

Каиро, 08.01.2014

Соборениот египетски претседател Мухамед Морси денеска требаше да биде донесен во судот во Каиро, каде што му се суди за потикнување на убиства врз цивили за време на протестите додека беше претседател. Но, поради лошото време, Морси не можел да биде донесен во Каиро, па рочиштето е одложено за први февруари. Покрај Морси, со исти обвиненија се соочуваат уште 14 други личности од Муслиманското братство. Доколку бидат прогласени за виновни, Морси и останатите обвинети можат да се соочат смртна казна или со доживотен затвор.Морси стана претседател на Египет во јуни 2012-та на демократски избори, но беше соборен во јули, минатата година, по масовните протести против неговото владеење.
XS
SM
MD
LG