Достапни линкови

logo-print

Талибанците демантираат вмешаност во случајот со девојчето самоубиец


Девојчето кое требало да изврши самоубиствен напад. Хелманд, 06.01.2014

Девојчето кое требало да изврши самоубиствен напад. Хелманд, 06.01.2014

Портпарол на талибанците во Авганистан ги демантира информациите дека се вмешани во случајот со 10-годишното девојче кое изјави дека нејзиниот брат, талибанец и ставил експлозив и и кажал да изврши самоубиствен напад врз авганистански полицајци. Портпаролот Кари Јусуф Ахмади изјави дека приказната е пропаганда на авганистанската влада и оти според талибанските правила, бомбаши самоубијци се само полнолетни мажи, кои доброволно се пријавиле. Девојчето беше приведено од полицијата во понеделникот во провинцијата Хелманд.
XS
SM
MD
LG