Достапни линкови

Денеска забранети протести во Атина


Грчката влада ги забрани сите протести во Атина, денеска, кога и официјално Грција го превзема претседавањето со Европската Унија. Над 2 ипол илјади полицајци ќе бидат распоредени низ центарот на градот, каде што ќе се одржуваат церемониите. Во Атина денеска ќе допатуваат претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Слични забрани за протести беа прогласени кога во посета на Атина беа германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во јули и германската канцеларка Ангела Меркел, во октомври, минатата година.
XS
SM
MD
LG