Достапни линкови

Нова чистка во турската полиција


Турското министерство за внатрешни работи отпуштило 16 провинциски полициски началници поради тековниот корупциски скандал. Шефовите на полициите на неколку поголеми градови се разрешени, меѓу кои и на Анкара, Измир, Анталија и Диарбакир. Отпуштен е и заменик шефот на националната безбедност. Стотици полицајци се отпуштени или прераспоредени низ Турција од почетокот на истрагата на 17-ти декември, а поради корупциските скандали, оставки веќе поднесоа и неколкумина министри во владата. Турскиот премиер Реџеп таип Ердоган оцени дека истрагата е валкан обид за соборување на неговата влада.
XS
SM
MD
LG