Достапни линкови

Гејтс го критикува Обама за водењето на војната во Авганистан


Роберт Гејтс

Роберт Гејтс

Поранешниот американски секретар за одбрана Роберт Гејтс во новата книга го критикува водењето на војната во Авганистан од страна на претседателот Барак Обама. Книгата „Должност: мемоари на еден секретар за војна“ ќе биде објавена во идната недела, но извадоци од неа се појавија вчера во американските медиуми. Гејтс пишува дека претседателот Обама бил скептичен оти стратегијата за Авганистан на неговата администрација ќе успее и бил сомничав во војската која му ги обезбедувала опциите.
Поранешниот секретар за одбрана вели дека Обама не му верувал на генерал Дејвид Петреус, командант на американската војска во Авганистан во 2010 и 2011 и оти „не можел да го поднесе“ авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG