Достапни линкови

logo-print

Вашингтон го критикува Иран за улогата во Сирија


САД го обвинија Иран дека помага во „брутализирањето“ на Сирија додека Вашингтон и Москва се подготвуваат да разговараат за потенцијалната улога на Техеран во претстојната мировна конференција. Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретнат в понеделник за да разговараат дали и како Иран може да учествува во мировната конференција за Сирија подоцна овој месец.
Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки го повика Техеран да преземе чекори со кои ќе покаже дека го поддржува мировниот процес во Сирија. Во овој момент Иран не прави ништо освен што му помага на режимот, помага во доведувањето на странски борци и во напорите на режимот да го „брутализира“ сирискиот народ, изјави Псаки.
XS
SM
MD
LG