Достапни линкови

Дополнителни американски војници во Јужна Кореја


САД во идниот месец ќе испратат уште 800 војници и 40 тенкови и други оклопни возила во Јужна Кореја. Пентагон соопшти дека дополнителните сили на 1 февруари ќе го почнат 9-месечното распоредување во оваа земја. Овој чекор е дел од воениот ребаланс во Источна Азија по повеќе од 10 години војна во Авганистан и Ирак.
Најавата доаѓа по средбата во Вашингтон меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Бјунг Се. По состанокот Кери изјави дека САД ќе продолжат да ги модернизираат своите воени капацитети за да можат да се соочат со секаква закана од страна на Северна Кореја. САД веќе имаат околу 28 илјади и 500 војници во Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG