Достапни линкови

Aмерикански воен хеликоптер се урна во Англија


Американски воен хеликоптер се урна во крајбрежни мочуришта во источна Англија, при што најверојатно загинале сите четворица членови на екипажот. Според официјални лица, леталото се урнало синоќа за време на тренинг мисија, а американските воздухопловни сили соопштија дека тоа летало ниско кога се случил инцидентот.
Хеликоптерот бил од типот Пејв Хоук, кои се користат за борбени потраги и спасување, главно за враќање на соборен екипаж или друг изолиран персонал во воени зони. Таквите летала се распоредени во повеќе странски мисии, меѓу кои и во Авганистан и Ирак.
XS
SM
MD
LG