Достапни линкови

Работници во итните служби во САД обвинети за тешка измама


Повеќе од 100 поранешни работници во американските итни служби се обвинети во истрага за измама, вклучувајќи и федерални бенефиции за инвалиди. Властите на Њујорк соопштија дека меѓу обвинетите се наоѓаат и 72-јца градски полицајци и 8 пожарникари.
Обвинителот на областа Менхетн, Сајрус Венс изјави дека повеќе од нив лажно тврделе дека станале неспособни како последица на терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Четворица се појавиле пред суд поради обвиненија за тешка кражба. Тие се обвинети дека поучувале поранешни работници во итните служби да се преправаат дека имаат ментални здравствени проблеми и да не положуваат тестови за меморија за да стекнат бенефиции за инвалиди. Се верува дека четворицата собрале десетици илјади долари од мито.
Истражните органи сметаат дека измамата, која чини стотици милиони долари, се одвивала повеќе од две децении.
XS
SM
MD
LG