Достапни линкови

logo-print

Времето сончево и топло, во котлините магла


Времето во Македонија на повисоките места и на планините ќе биде сончево и топло за овој период од годината, а по котлините и по речните делови ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот по одделни котлини ќе има извесно зголемување на видливоста. Во поголемиот дел од земјава ќе биде претежно тивко.

Утринската температура се движи од минус три до пет, а дневната ќе биде од седум до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и со ниска облачност. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во наредниот период не се очекува значајна промена на времето. Ќе се задржи претежно стабилно и суво време, но и релативно топло за овој период на годината. Појава на ниска облачност и на магла ќе има особено на повисоките места и на планините и по одделни котлини и по речните долини. Зголемување на облачноста засега се очекува в недела, кога кон крајот на денот се очекуваат и локални врнежи од дожд.
XS
SM
MD
LG