Достапни линкови

Белград сака ЕУЛЕКС да остане на Косово


За Белград многу е важно мисијата на ЕУ, ЕУЛЕКС, да остане на Косово, изјави денеска српскиот вицепремиер Александар Вучиќ од манастирот Грачаница на Косово.
Тој истакна дека мисијата на ЕУ е врската со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и дала свој придонес за зачувување на мирот.
Вучиќ изрази загриженост од изјавите за напуштање на преговорите меѓу Белград и Приштина, додавајќи дека Србија сака да разговара.
Косовската Влада нема да се повлече од разговорите со Србија, без разлика што Алијансата за иднина на Косово на Рамуш Харадинај веќе не го поддржува дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, објавија белградските медиуми.
Косовската вицепремиерка Едита Тахири, која е шеф на косовската делегација во разговорите меѓу Белград и Приштина, нагласи дека договорот со Србија од 19 април минатата година е од исклучително значење. Според неа, тој претставува голем придонес за создавање на добрососедски односи меѓу Косово и Србија.
XS
SM
MD
LG