Достапни линкови

Фалуџа и Рамади и натаму не се под контрола на ирачката армија


Ирачката армија соопшти дека го одложила нападот врз центарот на градот Фалуџа, кој е под контрола на милитанти, со цел да ги избегне цивилните жртви. Истовремено, армијата додава дека извршила ракетен напад врз бунтовниците во градот Рамади, при што биле убиени најмалку 25-мина милитанти. Веќе една недела делови од градовите Фалуџа и Рамади се под контрола на сунитски бунтовници и исламистички борци. Премиерот Нури Ал маилики ги повика локалните жители да ги протераат милитантите, а армијата распореди оклопни возила во тие делови од Ирак.
XS
SM
MD
LG