Достапни линкови

ОН соопштија дека веќе не ги бројат жртвите во Сирија


Обединетите Нации соопштија дека престанале да ги бројат жртвите од конфликтот во Сирија, бидејки нема веродостојни извори на информации. Портпарол на Комесаријатот за човекови права изјави дека тие немаат пристап на теренот, а информациите од другите не можат да бидат потврдени. Обединетите Нации во јули соопштија дека има вкупно околу 100.000 жртви од конфликтот во Сирија, броејки ги само оние што со сигурност можат да се потврдат. Според опозициони активисти, таа бројка е многу повисока.
XS
SM
MD
LG