Достапни линкови

logo-print

Разговори за примена на договорот за иранската нуклеарна програма


Абас Аракчи

Абас Аракчи

Техеран соопшти дека претставници на Иран и Европската Унија ќе се сретнат во четврток и петок во Женева на разговори за примена на нуклеарниот договор.

На разговорите ќе присуствуваат иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Aракчи, германскиот дипломат Хелга Шмид, која е заменик на шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и ја преставува групата постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина, плус Германија.

На 24 ноември беше постигнат договор за иранската нуклеарна програма чија имплементација би требало да започне на 20 јануари.
XS
SM
MD
LG