Достапни линкови

Турција - со владин декрет остранети 350 полицајци


Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Околу 350 турски полицајци се тргнати од нивните позиции во Анкара преку ноќта во врска со анти корупциската операција. Тие биле остранети со владин декрет, објавен на полноќ, јави приватната новинска агенција Доган.

Станува збор за шефови на полицијата за финансиски криминал, сајбер криминал, и анти криминални единици. Според телевизијата НТВ, на нивно место се распоредени 250 луѓе кои доаѓаат главно надвор од Анкара.

Стотици полицајци ја изгубија работата по политичките тензии предизвикани од корупцискиот скандал во кои се вмешани високи владини личности што доведе и до оставка на неколку министри.
XS
SM
MD
LG