Достапни линкови

САД ја засилуваат испораката на воената помош за Ирак


Џеј Карни

Џеј Карни

САД соопштија дека ја забрзуваат испораката на воена опрема на Ирак за да и помогнат на земјата во борбата против милиотантите поврзани со Ал Каеда.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД тесно соработуваат со ирачаните за да се развие стратегија за изолација на групите поврзани со Ал- Каеда.

Групата Исламска држава Ирак и Левант минатата недела зазеде делови од Фалуџа и Рамади. Вчера премиерот Нури ал -Малики ги повика жителите на Фалуџа да преземат акција за да ги протераат милитантите од градот.
XS
SM
MD
LG