Достапни линкови

Најголема операција за безбедност на Олимписките игри


Русија денеска започна, како што се оценува, една од најголемите безбедносни операции во олимписката историја. Тоа е на еден месец пред стартот на Зимските олимписки игри во црноморското одморалиште Сочи.

Рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков денеска објави дека сите оддели одговорни за обезбедување на Олимпијадата во Сочи се ставени во борбена готовност.

„Секој објект ќе биде под заштита и следен со посебни системи“, изјави Пучков.

Војници на околопни возила и во патролни чамци ќе им се приклучат на над 30 илјади полицајци кои ќе ја надгледуваат Олимпијадата која ќе се одржи од 7 до 23 идниот месец.
Владимир Пучков

Владимир Пучков


Возилата кои не се локално регистрирани и кои немаат посебна акредитација ќе биде исклучени од Сочи. Пристапот до областите околу олимписките стадиони ќе биде ограничен на луѓе кои имаат билети и доказ за идентитет.

Дополнителна мерка е и воспоставувањето линија која вклучува следење на мобилни телефони и мејлови од страна на Федералната служба за безбедност.
Секој објект ќе биде под заштита и следен со посебни системи.

Претседател Владимир Путин ја издаде наредбата за дополнителни безбедносни мерки по двата самоубиствени напада во Волгоград во минатиот месец кога загинаа 34 лица.

За овие напади постојат сомневања дека биле одговорни исламистички милитанти од Северен Кавказ. Рускиот претседател Владимир Путин реагираше и на дипломатскиот притисок за олеснување на забраната за демонстрации во Сочи.

Во декретот на Путин сега се наведува дека собири кои не се поврзани со Олимписките игри може да се одржуваат во градот, доколку претходно бидат одобрени од локалните власти.

И натаму има повици за бојкотирање на Зимската Олимпијада поради законот усвоен во 2013 година со кој се забранува „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетници. Како и да е, Путин изјави дека геј спортистите ќе можат да се чувтсвуваат комотно за време на Игрите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG