Достапни линкови

Заев и Шекеринска ќе се сретнат со Филе во Брисел


Претседателот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев, заедно со неговата заменичка Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел ќе се сретнат со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе. Портпаролот на Европската комисија Петр Стано ја потврди информацијата за средбата. „Ова е дел од константните и тековни контакти што комесарот Филе ги има со сите учесници и засегнати страни од земјите во неговото портфолио. На агендата на комесарот не гледам дека ќе има друг состанок со политичари од БЈР Македонија во следните неколку денови, но дефинитивно ќе има повеќе во текот на оваа година, која ќе биде многу интензивна“ рече Стано. За сега не се откриваат темите на разговор на средбата.
XS
SM
MD
LG