Достапни линкови

Заеднички сили за нафтените полиња во Јужен Судан


Судан соопшти дека Јужен Судан бара формирање заеднички сили за заштита на нафтените полиња каде што владата се соочува со активности на вооружени бунтовници. Шефот на суданската дипломатија ова го соопшти по денешените преговори меѓу претседателите на Судан и на Јужен Судан Омар ал Башир и Салва Кир. Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година, но извозот на јужносуданската нафта остана поврзан со нафтоводот во Судан.
XS
SM
MD
LG