Достапни линкови

logo-print

Романскиот екс премиер Настасе доби 4 години затвор за поткуп


Адриан Настасе

Адриан Настасе

Врховниот касациски суд на Романија го осуди денеска поранешниот премиер Адриан Настасе на четири години затвор поради земање поткуп. Одлуката на судот е донесена по делото, познато под името „Замбакчан“ откако Националната дирекција за борба против корупција во Романија ја обжали пресудата на Настасе за овој случај, изнесена во март 2012 година. Тој тогаш беше осуден на три години условна казна за уцена и беше ослободен од обвинението за земање поткуп.
XS
SM
MD
LG