Достапни линкови

Чешка бара објаснување за палестинското оружје во Прага


Чешкото министерство за надворешни работи побара од палестинските власти да го објаснат нерегистрираното оружје што било најдено во резиденцијата на палестинскиот амбасадор во Прага. Во денешното соопштение се оценува дека станува збор за сериозно нарушување на Виенската конвенција за дипломатски односи. Чешката полиција открила 12 парчиња нерегистрирано оружје во истрагата по минатонеделното загинување на палестинскиот амбасадор во Прага во експлозија при обидот да го отвори сефот во неговата резиденција. Се уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата.
XS
SM
MD
LG