Достапни линкови

logo-print

Ахмети упати честитка по повод Божик


Претседателот на ДУИ Али Ахмети до православните верници упати честитки по повод големиот православен празник, Божик. „Божик е еден од најголемите христијански празници што ги зближува луѓето не само со Бога, туку и помеѓу себе. Истовремено ја промовира меѓусебната почит, љубов и соживот. Православните верски празници исто така претставуваат повод да се навратам на растечката заедница на православните Албанци во Македонија и да го поздравам нивното навраќање кон своите корени. Се надевам дека годинашниот голем празник Божиќ ќе донесе спокој, радост и среќа при вашите домови“, наведува Ахмети во честитката.
XS
SM
MD
LG